Тошковски: Од денеска објавуваме војна на криминалците

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека од денеска МВР отвора посебна оперативна акција фокусирана на безбедноста на Градот Скопје, а предвидува зголемена присуство на полицијата на терен.

Тоа е, им порача на граѓаните Тошковски во „Тема на денот” во дневникот на ТВ Сител, затоа што МВР сака да ја доведе безбедносната состојба каква што треба да биде.

– Од денеска официјално објавуваме војна на вагабонтите и криминалците кои од страна на претходната власта им било дозволено толку многу да хараат како во Скопје, така и на целата територија на Македонија, затоа што мислат дека и сега истото ќе го прават – порача министерот Тошковски, откако беше прашан како е можно 200 лица затвореници да избегаат од двата затвори „Шутка“ и „Идризово“ во Скопје во 2023 година и дали можеме да се чувствуваме безбедни во Скопје.

Тошковски додаде дека државата е во лоша ситуација, и дека системот е уништен.