Македонија

Тошковски: Пожарите не се случајни – можно е сценарио со целна инфраструктура, се води предистражна постапка

Тошковски: Пожарите не се случајни – можно е сценарио со целна инфраструктура, се води предистражна постапка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес конференција истакна дека многу е симтоматично како се локализира и неутрализира еден пожар, веднаш друг почнува, а откако и тој ќе се локализира, веднаш почнува и трет пожар.

Како што вели, се истражуваат повеќе наоди за подметнати пожари.

„Не сакам да шпекулирам, но морам да напоменам дека се работи за едно поинакво сценарио од она што би било случајност“, рече Тошковски.

На новинарско прашање за тоа дали се пронајдени запалени гуми, Тошковски истакна дека точна е информацијата.

„Во овој момент не можам да откријам детали од предистражна постапка кои и тоа како се клучни во таа постапка. Можам да пренесам дел од информациите а тоа е дека многу е симптоматично како се локализира и неутрализира еден пожар, набрзо започнува друг почнува, а откако и тој ќе се локализира, веднаш почнува и трет пожар. Сите тие се поврзани со одредена клучна инфраструктура во државата, и од страна на професионалците во рамки на МВР и те како се сомневаме дека станмува збор за одредено сценарио кое се сака да се постигне во Македонија“, вели Тошковски.

Тој додаде дека тие се спремни да одговорат на предизвиците.

„Сите оние кои ќе се дрзнат да го доведат под знак прашалник животот на македонските граѓани, соодветно ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде Тошковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни