Македонија

Тошковски се согласува со Сиљановска: Вели има најави за дестабилизација, но нема потреба од Советот за безбедност

Тошковски се согласува со Сиљановска: Вели има најави за дестабилизација, но нема потреба од Советот за безбедност

И по најавите за дестабилизација во земјава, денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека се согласува со ставот на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова дека нема потреба од свикување на Советот за безбедност.

„Има информации и најави но сметам дека во овој момент не е безбедноста загрозена до тој аспект да има потреба да се свика Советот“, вели Тошковски.

Тошковски вели дека МВР е спремно да одговори на сите предизвици кои ќе се појават.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни