Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ.
По средбата министерот на заедничката прес-конференцијата во одговор на новинарско прашање во врска со интерпелацијата на ДУИ против него тој вели:
-Тезите коишто се поставуваа во изминатиов период од страна на опозицијата особено од страна на ДУИ сами по себе се контрадикторни. Сметам дека македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои позади оваа интерпелација од аспект на нивно барање, нека им е со среќа, ќе си постапи Собранието во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста, вели Тошковски.