Македонија

Тошковски за инцидентот во Нептун: Разбојниците одзеле 10.000 евра

Тошковски за инцидентот во Нептун: Разбојниците одзеле 10.000 евра

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес-конференција, зборуваше за вчерашното разбојништво во позната продавница за бела техника.

Тој вели разбојниците од Нептун одзеле околу 10.000 евра.

-Одзеле негде околу 10.000 евра парична сума на средства и таа парична сума на средства пробале да ја изнесат од деловниот објект. Од страна на МВР, СВР и единицата за интервентна полиција веднаш е реагирано. Лицата се лишени од слобода на лице место, вели Тошковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни