Тошковски: Запленети 30.000 до 40.000 пиротехнички средства
Тошковски, кој го посети пунктот за обезбедување пред Сити мол, информираше дека минатата недела во Скопје биле одземени 30.000 до 40.000 пиротехнички средства. Акции за заплена на пиротехнички средства се спроведени и во други градови како Валандово и Свети Николе, при што се поднесени соодветни пријави.
-Присутни сме на терен, обезбедувањето комуницира со луѓето, ги следиме состојбите. Сите овие превентивни дејства се преземаат за што побрзо откривање каков било криминалитет, тргнувајќи од имотни деликти, разбојништва, рече Тошковски.
Во врска со синоќешните инциденти во Капиштец, кои ги објави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, каде малолетници палеле петарди, Тошковски нагласи дека ова не е прв случај.
-Три вакви настани се регистрирани изминатиов период, се поставува од страна на МВР. Најголем дел од лицата се малолетници и во однос на нив се преземаат соодветни постапки. Реагираме, но се повторуваат ваквите несакани настани. Ќе сториме се за превенирање, но преземеме и репресивни мерки ако е потребно. Мора и родителите да поведат сметка, порача министерот Тошковски.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни