Товарно возило излета од патот Струмица-Валандово, загина возачот!

На 02.04.2024 околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Р 1401 Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот.

Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното