Традиционална македонска салата со варени компири и кромид

Во многу култури, компирот се ужива во безброј варијации како главен оброк или како гарнир. Не можеме со сигурност да кажеме дали е правилно да се нарече овој вид салата „македонска компир салата“, но можеме со сигурност да потврдиме дека Македонците овој вид на салата го служат на трпезите за различни пригоди или слави. 🙂 Откако компирите ќе бидат варени и се оладат, салата се подготвува многу брзо и само во неколку едноставни чекори.

 

Македонската традиционална салата со компири се состои само од варени компири и свеж кромид зачинета со какви било зачини по ваша желба. Оваа салата можете да ја подготвите и еден ден пред да ја послужите или пак да ја спакувате и однесете на работа. Секако, ако ароматичниот здив од кромидот не им смета на останатите колеги:)

опрема

  • Големо тенџере
  • Сад за сервирање

Состојки

  • 1 кг компири
  • 2 средни кромида
  • 1,5 л врела вода
  • 2 лажици оцет
  • 3 лажици маслиново масло
  • Сол и бибер

Начин на подготовка

  • Измијте ги компирите внимателно и подгответе ги за варење во големо тенџере.
  • Кога водата ќе зоврие, додадете ги компирите без да ги лупите и покријте ги со капак, така што пареата може добро да циркулира во садот.
  • Варете ги компирите на средна температура околу 40 минути.
  • Исцедете ја водата веднаш откако компирите ќе бидат сварени.
  • Оставете ги компирите да се изладат.
  • Откако компирите ќе се изладат, внимателно излупете ги и исечете ги на мали коцки.
  • Исечете го кромидот на тенки прстени и добро измешајте ги во садот заедно со маслиновото масло, оцет, сол, свежо мелен бибер и подгответе ја за сервирање.
  • Добро спакуваната салата во фрижидер се оддржува 3-4 дена свежа.
  • Добар апетит!