Ви го пренесуваме рецептот за најдобрата гибаница, толку е вкусна што ќе си ги излижете прстите!
Српската гибаница е еден вид пита што се редат во слоеви, се полнат со сирење и се прелива со мешавина од јогурт, јајца, масло, вода и сол. Се служи во сите можни прилики, од појадок и вечера, до мезе на разни прослави, па дури и излети.
Сирењето што се користи е старо тврдо кравјо сирење, бидејќи е масно и солено, што ја прави питата повкусна и поубава. Некако сме навикнати на ситно сирење, но навистина ви препорачуваме да го направите со старо. Одлично е и со фета сирење ако не можете да најдете старо кравјо сирење.
СОСТОЈКИ:
1 кг кора за пита
500 гр старо солено сирење
2 лажички сол
200 мл масло
8 цели јајца
200 мл вода
500 мл јогурт
ПОДГОТОВКА:
Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. Корите поделете ги на 6 дела. Поделете го сирењето на 5 дела.
Намастете голем плех и ставете го првиот дел од кората еден врз друг и секоја премачкајте ја со малку масло. На последната кора ставете парчиња сирење. Така правете до крај со корите и сирењето.
Јајцата изматете ги со сол, додадете јогурт и вода, ако ви останало масло и изматете се.
Гибаницата исечкајте ја со остар нож и по сите шлицови прелијте со малку прелив. Навалете ја тавата лево-десно и напред и назад за преливот да оди насекаде.
Печете додека не порумени. Исечете ја питата повторно по процепите, покријте ја со крпа и изладете ја.
Пријатно!
