Македонија

Традиционално во првата сабота по Велигден: Се одржаа 11-тите по ред Добрушевски средби

Традиционално во првата сабота по Велигден: Се одржаа 11-тите по ред Добрушевски средби

Денеска во село Добрушево се одржаа единаесетти по ред Добрушевски средби.

Тие традиционално се организираат првата сабота после Велигден по иницијатива на Архиепископот Охридски и Македонски и Поглавар на Македонската православна црква, Г. Г. Стефан, кој е роден во Добрушево

За овие средби на својот Фејсбук профил информираше и Драганчо Саботковски, градоначалник на општина Могила,.

Тој истакна благодарност до Црковниот одбор, домаќините и сите присутни гости кои придонесуваат за негувањето на традицијата и фолклорот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни