Македонија

ТРАГЕДИЈА: 20 годишно момче загина по удар од гром

ТРАГЕДИЈА: 20 годишно момче загина по удар од гром

20-годишно момче од радовишко село Коџалија, синоќа починало по удар од гром.

Околу 20 часот во ПС Радовиш било пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано Водовод во радовишко од гром починал Р.М. (20), а со повреди се здобил З.М. (23) двајцата од Коџалево.

Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш, а другото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни