Балкан

Трагедија: Девојче загина во пожар во засолниште за бездомници во Тузла

Пожарот избувнал во понеделникот вечерта во населбата Сјевер, јавува порталот „Кликс“.

„Девојката е повредена, а пожарникарите ја пренеле во Итната помош, каде дежурниот лекар констатирал смрт“, изјавила портпаролката на полицијата Амра Капиџиќ.

Пожарникарите го локализирале пожарот, а во таа прилика е повреден еден пожарникар.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни