Македонија

Трагедија на патот Велес-Штип: Возач загина, сопатничката пренесена во болница

Трагедија на патот Велес-Штип: Возач загина, сопатничката пренесена во болница

На 10.09.2026 во 14:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за с.Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот. 

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.С.(44) од Куманово, констатирани во Клиничка болница Велес.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни