Во пожар во куќа во Сопиште, пронајден е телото на 70-годишно лице кој подолго време бил неподвижен, а неговиот син со кој живеел во моментот на пожарот не бил дома соопштуваат од МВР.
„На 13.12.2018 година во 20,20 часот на улица “1” во село Сопиште, скопско настанал пожар во куќа, по што опожарени биле две соби, a во една од собите било пронајдено телото на П.С.(70) кој подолг период бил неподвижен. Починатиот живеел со неговиот син, кој во моментот на пожарот не бил дома. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Од страна на екипа на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Увид се врши во текот на денешниот ден“, соопштуваат од МВР.
