ТРАГЕДИЈА: Во куќа во гевгелиско пронајден починат 43-годишен маж!

На 07.12.2023 во 09.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во куќа во село Селемли, гевгелиско, бил пронајден починат 43-годишен маж.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното