Ненадејно почина предавач од Шкотска за време на 15. издание на Школата за млади лидери во Охрид.
Според информациите, му се слошило и паднал додека држел предавање, а неофицијално починатиот е британски државјанин роден 1954 година односно имал 69 години.
Министерството за внатрешни работи ја потврди веста за САКАМДАКАЖАМ и најави дека ќе се испитаат причините за неговата смрт.
Според МВР, во СВР Охрид денеска во 15.30 часот било пријавено, а странскиот државјанин починал во хотелот „Инекс Горица“.
Итната медицинска помош, полицијата и основниот јавен обвинител утврдиле смрт, а ќе следи обдукција за утврдување на причините.
На овогодишната школа учествуваат околу 40 млади лидери, од кои една третина се странци.