Македонија

Трагедија во Скопје: Ги нашол своите баба и дедо мртви во када

Трагична смрт за две лица во текот на вчерашниот ден се случила во Скопје. Лице пријавило дека ги нашло починати во када своите баба и дедо. Најверојатно починале од струен удар, а обдукцијата ќе ја покаже вистинската причина за смртта.

„На 30.01.2019 година во 13.40 часот во СВР Скопје, Б.Б. пријавил дека во када во куќата на улица „Раде Јовчевски Корчагин“ ги пронашол починати неговите баба и дедо Ј.В.(74) и Г.В.(76). Според пријавителот, тие најверојатно починале од струен удар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција“, се вели во соопштението на МВР.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни