Тешка несреќа го потресе вчера Струшкиот регион, откако едно лице се удави во водите на Охридското Езеро, во близина на АС кампот.
По извлекувањето, следела реанимација од страна на очевидци и брзо пристигнатата медицинска екипа. Но, и покрај сите напори, лекарите ја констатирале смртта на лицето.
„На 19.07.2025 година вo 16.30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело. По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за К.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција“, велат од МВР.