Македонија

Трагедија во Црвени Брегови, пронајдените мртви лица се од Битола, Ресен и Црвени Брегови

Трагедија во Црвени Брегови, пронајдените мртви лица се од Битола, Ресен и Црвени Брегови

Три лица, меѓу кои малолетник, беа пронајдени мртви во мала куќа што се користела како импровизиран верски објект во селото Црвени Брегови, неготинско.

Жртвите се идентификувани како Ј.Ј. (71) од Битола, Ф.Е. (66) од Ресен и малолетник од селото Црвени Брегови, соопштија вечерва од СВР Велес.

Според информациите, во 16:35 часот случајот бил пријавен во ОВР Неготино. Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта на местото на настанот, а увид извршил јавен обвинител заедно со екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавниот обвинител, телата на починатите се предадени на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Од Јавното обвинителство информираат дека при првичниот преглед на телата не се пронајдени траги на насилство. Дополнително, е издадена наредба за проверка на исправноста на плинскиот уред кој се користел за греење.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни