Синот на градоналачник на општина Ѓузелбахче дел од Измир во Турција, починал од срцев удар во Скопје, јавуваат труските медиуми.
Веста за смртта ја потврдил и неговиот татко и градоначалник Мустафа Ѓунај на социјалните мрежи.
„Ние сме во големи болки, го загубивме нашиот син Онур Ѓунај поради срцев удар. Информациите за погребната церемонија ќе бидат споделени. Не можам да ги примам вашите повици бидејќи не можам да одговорам на телефонот. Ви благодариме за разбирањето“, напиша таткото и градоначалник на Ѓузелбахче, Мустафа Ѓунај.
Како што дознава 24инфо, синот Ѓунај починал во затворот „Скопје“ познат како Шутка. Тој бил приведен откако претходно бил уапсен поради тоа што во казино во општина Центар со остар предмет им се заканувал на вработени.
Според информациите од турските медиуми, градоначалникот Ѓунај веќе пристигнал во Скопје, по телото на синот.