Македонија

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека телото било забележано околу 12:10 часот во близина на селото Старо Градско, во општина Градско.

„Пронајдено е телото на 16-годишната малолетничка која на 24.07.2025 исчезна во реката Вардар во атарот на село во општина Градско. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, соопштија од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни