Македонија

Трајанов: Во Македонија се случи катастрофа, бројките се фрапантни! Пожарите донесоа штети од 3 милијарди денари

Трајанов: Во Македонија се случи катастрофа, бројките се фрапантни! Пожарите донесоа штети од 3 милијарди денари

Директорот на ЈП „Национални шуми“ Здравко Трајанов, беше соговорник во „Дејли Клик“ на ТВ21 денеска.

Тој рече дека во Македонија летово се случила вистинска катастрофа за шумите со пожарите, и дека штетите се огромни.

„Се случи катастрофа, во однос на екологијата, на шумите, како и по фреквенција така и по површина. Тоа изразено во бројки во однос на неколку категории до моментот имаме изгорено 40 илјади хектари уредена шума“, рече Трајанов.

„Бројките се фрапантни, зафатена од 315 илјади метри кубни, и според таа методолигија која ја работиме, штетите се близу 3 милијарди денари“, вели Трајанов.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни