Македонија

Трајковски: „Пред да сведочам, сакам да кажам дека имам закани од овие психопативе тука, од нивната партија“

Трајковски: „Пред да сведочам, сакам да кажам дека имам закани од овие психопативе тука, од нивната партија“

За првпат во судница сведочи Гоце Трајковски, пријател на Александар Ѓорчевски, таткото на 14-годишната Вања.

Трајковски изјави дека не познава ниту еден од обвинетите и дека не е во роднинска врска со нив. Исто така, сведочеше дека по настаните поврзани со случајот, добивал закани.

„Пред да сведочам, сакам да кажам дека имам закани од овие психопативе тука, од нивната партија. „Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка. Сакам да кажам дека никој не им се плаши на овие психопативе. Заканите беа од профилот „Недвижности Битола“. Заканата беше да внимавам што зборувам. И после тоа се вклучија лајв од партијата, и самите се издадоа дека се од тој профил. Имам и тужба против нив. Не сум јас 14-годишно девојче да ми се закануваат“, рече Трајковски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни