Американскиот претседател го осуди потегот на Кина која воведе царина од 34 проценти за сите американски производи како одговор на неговите реципрочни царини, кои ги зголемија давачките на кинескиот увоз на најмалку 54 проценти. Оваа размена на потези предизвика стравувања дека трговскиот конфликт може да ескалира и да ја турне светската економија во рецесија.
„КИНА ИГРА ПОГРЕШНО, ИСПАНИЧИ – ТОА Е ЕДИНСТВЕНАТА РАБОТА КОЈА НЕ МОЖАТ ДА СИ ЈА ДОЗВОЛАТ!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Тој не најави понатамошни мерки против Кина, но претходно вети дека, ако другите земји ги зголемат царините како одговор на неговите нови мерки, и тој ќе го направи истото. Белата куќа не ја појасни дополнително неговата објава.
