Трамп: Нè повикаа вистински луѓе од Иран кои сакаат да склучат договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денес посочи дека Вашингтон е сè уште подготвен да преговара со Иран за решение на воениот конфликт.

„Другата страна ни се јави. Утрово ни се јавија вистинските луѓе, вистинските луѓе, кои сакаат да склучат договор“, им рече Трамп на новинарите.

Трамп рече дека започнала блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, пренесува АП.

Не можеме да дозволиме една земја да го уценува целиот свет, бидејќи Иран го прави тоа, рече Трамп.

Според него, САД не го користат Ормутскиот теснец, каде што Иран може да го контролира морскиот сообраќај.

„Ние не го користиме тој теснец. Имаме сопствена нафта и гас, многу повеќе отколку што ни треба“, рече Трамп.