Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не го загрижува поразот на Виктор Орбан во Унгарија и дека му се допаѓа новоизбраниот премиер Петер Маѓар.
„Мислам дека новиот премиер добро ќе ја извршува функцијата – тој е добар човек“, изјави Трамп за новинар на ABC News.
Трамп додаде дека не знае дали исходот би бил поинаков доколку тој лично отпатувал во Унгарија, наместо потпретседателот Џ. Д. Венс, за да учествува во кампањата на Орбан.
„Тој значително заостануваше. Не бев многу вклучен во ова. Сепак, Виктор е добар човек“, рече Трамп.
Трамп го поддржа Орбан во пресрет на изборите, а минатата недела кратко се обрати и на негов предизборен митинг во Унгарија, кога Венс го вклучи телефонски од бината.
Орбан ја загуби власта по 16 години, откако унгарските граѓани во рекорден број гласаа за проевропски курс предводен од неговиот ривал Петер Маѓар, пишува Ројтерс.
