Македонија

Трамп ѝ пиша на претседателката Давкова

Трамп ѝ пиша на претседателката Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска преку објава на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека добила честитка од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија, 8 Септември.

Во својата објава, претседателката изрази искрена благодарност до американскиот претседател и народ за честитките, кои ѝ биле предадени од амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Сиљановска Давкова оцени дека пораките на признание, разбирање и поддршка содржани во честитката се од огромно значење за државата.

„За нас се не само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување!“, се посочува во објавата на претседателката.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни