Американскиот претседателски кандидат од Републиканската партија и поранешен американски претседател Доналд Трамп изјави дека мигрантите носат „лоши гени“ во САД.
Во интервју за радио, Трамп рече дека неговата противкандидатка, демократската претседателска кандидатка и потпретседател на САД, Камала Харис, дозволила илјадници „убијци“ да влезат во земјата преку нејзината имиграциска политика.
„Некои од нив убиле неколку луѓе, а сега живеат мирно во САД. Знаете, мислам дека овие убиства се во нивните гени. И токму сега, сега имаме многу лоши гени во нашата земја“, вели поранешниот – истакна претседателот.
Во рамките на предизборната кампања, Трамп употреби се поостра реторика во однос на мигрантите, забележува Франс прес.