Трансформацијата на Агенцијата за млади и спорт во Министерство донесе доцнење на исплатата на платите на вработените и стипендиите за спортистите со меѓународни достигнувања. И министерот за спорт, Борко Ристовски, вели дека овој проблем е надминат, бидејќи денеска се исплатени платите за месеците јуни и јули, додека следната недела ќе се исплатат и за август.
Истиот проблем како со доцнењето на платите постои и со исплатата на стипендиите од државниот буџет за спортисти со меѓународни достигнувања. Ристовски вели дека исплатите ќе се вршат од следната недела и потоа исплатата ќе продолжи редовно.
Ристовски рече дека трансформацијата на Агенцијата во министерство донела до одредени правни вакууми, но рече дека за кратко време ги решиле сите предизвици, правејќи ја и систематизацијата, која, како што најави, ќе ја објават следната недела. Тој побара трпение.

