Македонија

Тренчевска: Никогаш нема да кажам дека 25.000 денари се доволни да живеат двајца пензионери

Тренчевска: Никогаш нема да кажам дека 25.000 денари се доволни да живеат двајца пензионери

Јована Тренчевска, министерката за труд и социјална политика објасни за изјавата во еден медиум за тоа дека 25.000 денари се доволни за двајца пензионери. Тренчевска во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека нејзината изјава е извадена од контекст.

„Таа изјава е извадена од контекст. Разговорот беше дека 50.000 денари е потрошувачката кошница. Јас реков да, таа е 50.000 денари за четирчлено семејство, значи 25.000 денари за двајца пензионери не е доволно, а уште помалку кога живее само еден пензионер со 12.500 денари. Без да се провери што имам кажано, следуваа лавина коментари. Јас никогаш нема да кажам дека 25.000 денари се доволни да живеат двајца пензионери“, кажа Тренчевска.

Таа додаде дека Не може луѓе кои работеле 45 години да земаат иста пензија со луѓе кои работеле 15 години.

„Имавме ние конструктивни средби со пензионерите во изминатиот период. Тие велат дека животниот стандард и висината на пензии се доведени да преживуваат. И јас се согласувам дека најниските пензии се мали. Но, износот на пензиите зависи од тоа колку во нашиот работен век сме придонеле во пензискиот систем и во должината на работниот стаж. Не можеме да ги изедначиме луѓето кои работеле 45 години, и луѓе кои работеле 15 години. Не може да ги изедначиме луѓе кои работеле на сложени работни места, и имале поголеми плати, и луѓето кои имаат минимална плата, а платата се формира согласно сложеноста на работа. И тоа што го инвестираме во пензискиот фонд низ работниот век, тоа ни се враќа со пензиите.“, изјави Тренчевска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни