Трет ден по ред беснее пожар на планината Стогово, односно над дебарското село Гари.
Според информациите, се работи за планински и недостапен терен. Нема опасност по селото, но единствен спас е интервенцијата од воздух.
Засега се интервенира од противпожарната единица и вработените на подружницата “Стогово” на ЈП” Национални шуми”.
Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот е високо во планината, а според виденото на терен, иако линијата на пожарот е голема, има само чад кон и околу Гари.
„Мештаните, освен што се во информативна координација со ЦУК, преку претседателот на месната заедница, заедно со 10 луге од ЈП „Национални шуми“ и 2 пожарникара со лесно возило се подготвени за дејство ако има опасност, а и ловците од Гари се смоорганизирани и во координација со месната заедница и ЦУК исто така, бидејки го познаваат добро теренот и имаат план каде – на патот над Гари би била линијата на одбрана на селото..“, велат од ЦУК.
Според нив, доколку има потреба односно ако опасна ситуација, воздухоплови ќе бидат веднаш пренасочени кон Гари.