Проевропските демонстрации во Грузија, кои секоја вечер собираат неколку илјади луѓе во Тбилиси, влегоа во третата недела синоќа без да предизвикаат промена на власта и два дена пред индиректните претседателски избори, пренесе Франс прес.
Кавкаската земја е втурната во политичка криза по парламентарните избори на 26 октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон, но оспорувана како извалкана со неправилности од страна на проевропската опозиција.
Освен тоа, владата е обвинета од нејзините клеветници дека се откажала од амбициите на земјата да се приклучи на ЕУ.
Синоќа и покрај студот и ветерот, неколку илјади луѓе повторно се собраа пред парламентот во Тбилиси 15-та ноќ по ред. Многу демонстранти вееја знамиња на ЕУ и Грузија, додека други го блокираа сообраќајот на главниот булевар, забележаа новинарите на АФП.
„Нашите демонстрации ќе траат онолку колку што е потребно за да биде соборен „Грузискиот сон“, изјави за АФП еден од учесниците, 42-годишниот Русико Долиџе.
Антивладини собири се одржаа и во неколку градови во Грузија, вклучувајќи ги Батуми, Кутапси и Зугдиди, објавија локалните медиуми.
Нов врв на тензија се очекува во сабота, кога „Грузиски сон“ на претседателската функција ќе го постави поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили, кој е екстремно десничарски политичар лојален на властите.