Премиерот Христијан Мицкоски, коментираше и за новите цени на продуктите и за зголемувањето на цените на поединечни продукти за што има реакција и од граѓаните.
„Апелирам до трговцитге максимално да ги намалат маржите. Политиката на оваа влада е да поддржува инвестиции, а не да поддржува вештачки набилдана јавна потрошувачла. Затоа што парите во тој случај губат вредност. Она што го направивме во овие два месеци нова влада е сопирање на слободниот пад, стабилизирање на институциите, и ќе потрае оваа ситуација до почетокот на есента. До крајот на годината очекувам да дојдеме до состојба кота нула, а потоа да почне развојот и напредокот“, изјави Мицкоски.

