Три авиони кои доаѓаат од Берлин, Меминген и Хамбург не може да слетаат на скопскиот аеродром. Од специјализираната страница која го следни воздушниот сообраќај може да се забележи дека авионите кружат над Скопје.
Маглата и ниските облаци се причина за проблемот. Тоа е и честа појава на скопскиот аеродром. Флај радар во текот на вчерашниот ден сподели податоци како авиони кружат над Скопје. Густа магла и ниски облаци беше наведена како најверојатна причина.
Fog and low cloud in #Skopje appear to be causing a selection of aircraft to hold in the area, including WUK966, SXS6LN and WZZ8383. More on holding patterns here. https://t.co/CLiNAlaJHf pic.twitter.com/FLfiDMRdvE
— Flightradar24 (@flightradar24) January 5, 2024
Трите авиони кои моментално кружат над Скопје во форма на формула патека, се едни од најследените во моментов на специјализираните платформи за следење на воздушниот сообраќај.
11:30 – Авионот од Хамбург, е пренасочен кон Софија.