Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Скопје

Едно лице се здобило со тешки телесни повредни, а две лица со телесни повреди рано утрово кај селото Љубодраг. Патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со кумановски регистарски таблички управуван од 46 годишен Б.Ј. удрило во „Фиат Браво“ исто со кумановски регистарски таблички, а управувано од 27 годишен А.Н.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „Шевролет спарк“ Д.Н. (49) од Куманово, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани од лекар од Општата болница во Куманово.

Се вчитува...

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: ТВ21