Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа, која се користела како импровизиран верски објект, беа пронајдени три безживотни тела. Меѓу починатите е и дете на возраст од околу 14 години.
Според првичните информации, при увидот на местото на настанот не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата за да се утврдат причините за смртта. Дополнително, издадена е наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред, кој се користел за греење во објектот.
Истрагата е во тек, а јавноста ќе биде информирана за нови детали штом ќе бидат достапни.