Три модуларни клиники беа изградени на сомнителен начин, вели Беким Сали

Министерот за здравство Беким Сали вечерва на ТВ21 истакна дека три модуларни клиники биле изградени на сомнителен начин.

Според него, затоа бил прекинат проектот.

„Три модуларни клиники градени во Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров останаа во статус кво. Тие се изградени, но има забелешки во однос на анексот. Според процената на нашите експерти има дискутабилни прашања и не сме го продолжиле проектот. Ја разгледавме и видовме ситуацијата. Консултираме експерти за да го решиме овој проблем“, вели Сали.

spot_img

Најважното