Денеска (15.09.2024) во 04.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, биле опожарени три возила: патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје.
Огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.