Македонија

Трифунов до Николоски: Ние не сме мизерни, мизерен си ти, Вие постоите затоа што Бугарија постои 1300 години

Трифунов до Николоски: Ние не сме мизерни, мизерен си ти, Вие постоите затоа што Бугарија постои 1300 години

Лидерот на партијата Има таков народ и поранешен шоумен, Слави Трифонов, на својот фејсбук-профил ја искоментира изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во врска со непоставувањето на македoнското знаме на средбата меѓу претседателите Гордана Сиљановска-Давкова и Румен Радев.

Трифонов вели дека треба да се истакне дека посетата кај Радев била неформална и дека во тој случај од никого не се бара да постави знамиња.

„И при официјалната посета на македонскиот премиер на Република Хрватска исто така немало македонски знамиња, туку само хрватски. Но, за ова ниту еден Македонец не кажа ништо. И сега да го цитирам дотичниот Николоски, кој, ословувајќи нè домаќини, го кажува следното: Домаќинот очигледно не е цивилизиран, ако сакаат, нека испратат протестна нота на тоа што го кажувам. Домаќинот не е ниту цивилизиран, ниту пристоен, ниту има почит, па ситуацијата е таква каква што е. Помизерни од нив се само оние слуги кај нас што потпишаа дека македонскиот и бугарскиот народ имаат заедничка историја, а немаат. Истите луѓе што потпишаа дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека никогаш нема да влеземе во Европската Унија ако не признаеме дека сме Бугари и имаме бугарски корени, сега зборуваат за патриотизам. Крај на цитатот“, пишува Трифонов.

Тој му порачува на Николоски дека може да биде груб, да биде голем гад, прво затоа што може, а второ и затоа што има причина, но сепак на љубезен начин сака да му порача дека Македонија постои само затоа што Бугарија постои 1300 години.

„Вие постоите затоа што Бугарија постои 1 300 години. Зборувате зашто бугарскиот јазик постои 1 162 години. И некој како тебе може да биде вицепремиер, зашто таквите како мене наместо да го прават тоа што го чувствуваат и сакаат, се воспитани, релативно кротки и ги почитуваат правилата и законите на Европската Унија. Ние не сме мизерни, мизерен си ти“, вели тој.

Според него, единствен правилен начин на дејствување во оваа ситуација е што поскоро да се отповика амбасадорот на Северна Македонија во Република Бугарија.

„А Бугарите во Северна Македонија не се слуги. Слуга си ти, претпоставувам, на Србите“, додава Трифонов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни