Трик како да препознаете дали маслиновото масло е квалитетно и чисто

Водете се според бојата и вкусот.

Иако на повеќето луѓе сите шишиња маслиново масло изгледаат исто и ќе веруваат во она што е напишано на етикетата, експертот за интегративна исхрана д-р Кортни Свон вели дека купените марки на маслиново масло не се ни блиску до истиот квалитет и дека дури 75 до 80 отсто од производите на полиците на продавниците немаат врска со напишаното на нив, наведува vecernji.hr.

„Дури и ако на шишето масло пишува дека е 100 отсто маслиново масло, тоа не мора да биде случај затоа што производителите и трговците на мало често додаваат масло од соја, масло од канола и сончогледово масло во маслиновото масло за да заштедат пари“, вели експертот.

Како да знаете дали чистото маслиново масло е навистина чисто?

„Две работи се издвојуваат. Кога ќе го истурите, треба да има многу темно зелена боја, а кога ќе го вкусите, да има многу остар вкус.“, вели Свон.

Иако е сè уште важно на шишето да пишува „100 проценти маслиново масло“, сепак не треба да им верувате на зборот на секоја марка, додава таа, па затоа е добро да направите дополнително истражување пред да го купите.

„Доброто маслиново масло не само што го подобрува вкусот на храната, туку може да го подобри и здравјето со текот на годините, бидејќи е полно со здрави масти, антиоксиданси и витамини и е значително помалку обработено од многу други“, заклучува експертот за Mind Body Green.