ТРИКОВИ НА ВРВНИТЕ ГОТВАЧИ: Еве како месото никогаш да не биде жилаво!

Докажани трикови кои се учат во кулинарски училишта. Еве како месото да не биде жилаво…

Некогаш се случува, иако илјада пати сте го приготвиле месото на ист начин, поради некоја причина да биде сочно и меко, а друг пат тврдо и жилаво како гума… Дури и ако вие го јадете ова, можете да бидете сигурни дека вашите деца нема – па затоа ќе ви треба докажана и омилена варијанта како што се рибни стапчиња …

Доколку поради тоа се сомневате во вашите кулинарски способности, нема причина, затоа што само професионалци знаат да направат „цаки“ со месото бидејќи таквите трикови се учат во кулинарските училишта и од искуството.

Прво што треба да знаете е дека доколку планирате да пржите месо во тава, задолжително прво треба добро да го исушите, а за тоа ќе ви треба само добро да го истапкате со крпа.

Зошто е ова важно? Поради вишокот на влага месото станува гумено, а за крцкава, златна кора тогаш можете само да сонувате.

Готвачите велат дека е важно месото да „одмори“ по печењето.

Затоа не брзајте да го послужите веднаш! Оставете го да отстои неколку минути, а можете да го завиткате и во фолија, за под пареата дополнително да омекне и да испушти сокови.Ова ќе помогне да се направи месото уште посочно.