Трипуновски: Турска компанија заинтересирана за инвестирање во Македонија

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставници на компанија која што произведува и преработува лешник и кондиторски производи.

Се работи за компанија која што има годишен обрт од над 40 милиони долари и извезува свои производи во 30 земји во светот.

На средбата се зборуваше за големиот интерес за инвестиција во нашата земја.

Турските бизнисмени ја претставија својата бизнис инвестиција со посебен акцент во делот на откуп, производство и преработка на лешник со визија за да отворат фабрика за кондиторски производи.

Се разговараше за бенефициите, потенцијалот, но и за фактичката состојба за производство и продажба на лешник, откупна цена и соработка со македонските производители на лешник.

Отвораме нови пазари за македонските земјоделци, заедно до стабилно и зголемено производство.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното