Македонија

Тројца малолетници и 19-годишник од Тетово со украден автомобил повредиле тројца полицајци

Тројца малолетници и 19-годишник од Тетово со украден автомобил повредиле тројца полицајци

Тројца малолетници и 19 годишник попладнево биле приведени во Мала Речица откако претходно со украдено возило не запреле на полициските наредби, по што оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полицајци.  Четворицата млади луѓе на крај во Мала Речица удриле со нивното возило во бандера.

-Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 16 часот и 20 минути во близина на угостителски објект во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода Ј.Ј.(19) од Тетово и тројца малолетници од  Тетово и селата Ларце и Непроштено. Лишените лица десетина минути пред тоа биле забележани на локалниот пат Палчиште-Камењане како се движат со противправно одземеното возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на државна институција, а пријавено вчера. Тие во два наврати се оглушиле на наредбите на полициските службеници да застанат и притоа оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полициски службеници на СВР Тетово, по што удриле во дрвена бандера, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, додека полициските службеници на СВР Тетово пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни