Свет

Тројца повредени по експлозија на плоштад во германскиот град Хале

Тројца повредени по експлозија на плоштад во германскиот град Хале

Три лица се повредени денеска во експлозија на плоштадот на пазарот во германскиот град Хале, јави Ројтерс.

Експлозијата одекнала околу 18:00 часот во јавните тоалети на плоштадот, а две лица се тешко повредени, изјави портпаролот на полицијата. Дванаесетгодишно и тринаесетгодишно момче со тешки повреди се пренесени во болница. Педесет и едногодишна жена е полесно повредена.

„Во моментов причината се уште е јасна“, додаде портпаролот на полицијата.

Областа во радиус од 100 метри околу плоштадот е опколена. Жителите околу местото на експлозијата се евакуирани од своите домови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни