Македонија

Тројца приведени за разбојништво во Трубарево – нападнале маж и му го одзеле телефонот

Тројца приведени за разбојништво во Трубарево – нападнале маж и му го одзеле телефонот

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(22), С.С.(21) и 17-годишник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тие се сомничат дека околу 19.00 часот во с.Трубарево, скопско, со возило го пресретнале В.Д.(42) од Скопје, по што едниот од нив физички и со тврд предмет го нападнал и му го одзел мобилниот телефон, по што тројцата со возилото го напуштиле местото.

Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, по што М.С и С.С. биле задржани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни