Македонија

Тројца уапсени во Прилеп – намерно предизвикале пожар на дива депонија

Тројца уапсени во Прилеп – намерно предизвикале пожар на дива депонија

Лишени од слобода три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од кривичен Законик На 25.09.2025 во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп.

Тие се сомничат дека на 24.09.2025 во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија.

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Прилеп.

По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни