Македонија

Цана: Кај вработен во Универзитетскиот стоматолошки центар е откриена бактеријата МРСА, но нема простор за страв

„ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар  Свети Пантелејмон- Скопје,  е безбедна за пациентите, нема опасност од зараза со МРСА.

Во врска со објавената вест дека во Стоматолошките клиники е откриена бактерија „МРСА“, ја информираме јавноста дека кај еден од вработените е најдена оваа бактерија, но со целосна одговорност ја уверувам јавноста дека нема место за страв кај пациентите.

Состојбата е под контрола, преземени се сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Само кај еден вработен е потврдено присуство на  бактеријата, но тој е изолиран и не доаѓа на работа.

Превентивно, направена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории“, вели Амела Цана, директор на Универзитетски Стоматолошки Клинички Центар Свети Пантелејмон.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни