Македонија

Царина со голема заплена – кај тетовец пронајдени 120 килограми режан тутун и 19.000 парчиња цигари

Царина со голема заплена – кај тетовец пронајдени 120 килограми режан тутун и 19.000 парчиња цигари

Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи, денеска во Тетово кај едно лице се пронајдени и запленети 120 килограми режан тутун за пушење и 19.000 парчиња цигари без акцизни маркички.

Со ова, како што информираат од Царинската управа, е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока, за која е избегнато плаќање на акцизни давачки.

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа против лицето ќе бидe поднесенa кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни