Македонија

Царовска: Одговорно постапувам што ја известувам јавноста за случајот со пензиите

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска повеќе од два часа беше на исказ во Јавното обвинителство кај обвинителката Лидија Раичевиќ, по повод кривичната пријава од неисплатените придонеси во вториот пензиски столб кој се случувал во последните неколку години.

„Одговорно и отчетно постапувам со тоа што ја известувам јавноста и го информирам јавното обвинителство за сите сознанија“, изјави Царовска на прашање да даде коментар за изјавата на Али Ахмети кој истакна дека кон ДУИ со овој предмет се води специјална војна.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни