ЦАРСКА ПИТА: Воздушеста и мека – лесно се прави!

Кралската пита е една од најлесните пити што можете да ги направите. Состојките само се мешаат и се истураат во плехот за печење, па нема страв дека нема да ја направите како што треба.

Одлична е и кога имате гости, бидејќи брзо се подготвува.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 150 гр сирење
  • 150 гр шунка
  • 4 јајца
  • 150 гр кисели краставички
  • 2 пиперки (1 зелена, 1 црвена)
  • чаша јогурт
  • чаша масло
  • 1 прашок за пециво

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени.

Јајцата се матат, се додаваат издробеното сирење, шунката исечкана на коцки, краставиците, пиперките, па се додава јогуртот, маслото и брашното со прашокот за пециво. Смесата мора добро да се измеша за да нема грутчиња.

Покријте го плехот со хартија за печење. Потоа истурете ја подготвената смеса и ставете ја во рерна. Оставете да се пече околу половина час и потоа со чепкалка проверете дали е печено. Доколку не се залепи за чепкалката, питата е готова. Ако се залепи, оставете да се пече уште малку.